Lobiranje (Makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 12
СОДРЖИНА
I
ВОВЕД................................................................................................................3
II ДЕФИНИЦИЈА ЗА ЛОБИРАЊЕ....................................................................
4
III ВИДОВИ
ЛОБИРАЊА...................................................................................
5
IV ЛОБИРАЊЕТО КАКО ПРОФЕСИЈА
................................................……… 7
V ЛОБИ
ГРУПИ...................................................……….....................................
8
VI
ЗАКЛУЧОК...................................................………......................
………… 13
ЛИТЕРАТУРА
ВОВЕД
Лобирањето доаѓа од англискиот збор лоби и има
повеќе значења. Основното значење е коридор, предворје, ходник.
Денес, најчестото значење е определено со
терминот интересни групи и нивните претставници, чија цел е да се влијае на
одлуката или мислењето на правно лице, или да се влијае на претставник
/претставници на влста или корпорации, да се смени некое мислење, закон или
измени на своите видувања и така да бидат од корист на оние за кои
лобираат.Главната работа при проектите за лобирање е изучувањето на
законодавството, следењето и анализата на политичките настани и анализирање на
мрежите на интересните групи. Лобирањето е претставување на проблемите и
градење на сојузи.
За многу непрофитни организации, поимот лобирање
има, пред се, негативна конотација, или пак нему му се приоѓа со сомнителен
интерес.
Некои луѓе дури и се плашат директно да им се
обратат на донесувачите на одлуки, токму затоа што тие меѓусебно се оддалечени,
а понекогаш дури граѓанскиот сектор и целосно го отфрла лобирањето.
Наједноставно кажано, лобирањето значи да се
охрабри комуникацијата и адаптацијата; да се избегне стравот од успехот; или,
пак, да се охрабри модификацијата на законите и регулативите – на локално,
национално, па дури и на меѓународно ниво. Лобирањето подразбира давање мислења
и сугестии, информирање и комуницирање со донесувачите на одлуките, со
интенција да се влијае позитивно на нив, што пак значи остварување контакти со
влијателни луѓе, односно со оние кои ги носат законите и правилата; остварување
комуникација со надеж за искажување на граѓанските размислувања; разрешување
аргументи од страна на опонентите и давање огромна поддршка за проблемот.
Дефиниција за лобирање
Околу дефиницијата за лобирање нема заеднички
пристап. Според Оксфордскиот речник lobby е голема просторија отворена за
јавноста, особено за среќавање на парламентарци и други лица. Webster
dictionary го дефинира лобирањето како обраќање на членовите на парламентот со
цел да се влијае на законодавството.
На прашањето дали лобирањето е дел од односите
со јавноста експлицитно одговара дефиницијата на S.Cutlip, A.Center и G.Broom
во книгата „Односи со јавноста“ каде лобирањето го дефинираат како
„специјализиран дел од односите со јавност чија цел е воспоставување и
одржување на односите со власта, особено со цел да се влијае врз донесување на
закони и акти“. Авторите на оваа дефиниција се PR професионалци и професори по
односи со јавност, па и затоа е логично ваквото дефинирање на лобирањето.
---------- CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ----------
MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: [email protected]
maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!